Ковачевски и Мејер заедно минираа на Коридор-10
Се интензивира динамиката за изградба на делницата Прилеп-Битола, која е дел од Коридорот 10-д. Со денешното минирање на трасата на оваа делница, во должина од 40 километри, ја засилуваме изградбата на Коридорот 10-д, кој е дел од проектот со Коридорот 8, објави премиерот Ковачевски.

Пелагонискиот регион добива модерна патна инфраструктура, која значи безбедно патување, подобро патно поврзување, но и развој на други бизниси од услужниот и производствениот сектор.

Со интензивните градежни активности на делниците кои се дел од двата Коридори 8 и 10-д ја реализираме најголемата капитална инфраструктурна инвестиција, која ќе ја позиционира државата на глобалната сообраќајна и инвеститорска мапа.


Ова на граѓаните на Прилеп, на Битола и на целиот Пелагониски регион, им беше ветувано со децении, но никогаш не беше започнато. Ние докажавме дека тоа што го зборуваме, го исполнуваме. Инвестираме во капитални проекти, за модерни и безбедни патишта, за развиена економија, напиша Ковачевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…