Албанија се милитаризира, 2100 резервисти на обука и готовност, според Еуроњуз Албанија
Во албанската армија, која брои 8.500 активни војници, ќе бидат мобилизирани 2.100 резервисти.
-Потребите на времето кои произведоа неизвесност и клима на тензија, по воената инвазија врз Украина од страна на Русија, го насочуваат Министерството за одбрана да ја реорганизира армијата. Во предлог-законот, се бара во резервистите да не бидат вклучени само поранешни војници, туку и цивили. Последниве ќе вршат годишна обука, во траење од 15 до 45 дена, а по посебна наредба и подолго од овој период, јави euronews.al.
Исто така, го утврдува возрасниот праг за оние што треба да се регрутираат, како и органите и канцелариите што ќе ги мобилизираат овие лица.
-Законот има и значителни финансиски ефекти. Почетниот трошок за активирање, пресметан за 2100 лица, ќе биде во износ од 1,5 милијарди лека, а просечниот трошок за мобилизација за просечна временска рамка од 40 мобилизациски денови годишно ќе биде во износ од 830 милиони лека (1 lek=0,58 македонски денари. Значи, Министерството за одбрана ќе треба да плати уште 2,3 милијарди лека за резервниот состав на армијата, наведува телевизијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…