СРПСКИ ПОЛИТИЧАР СЕ ПОЛИЛ СО БЕНЗИН И СЕ ЗАПАЛИЛ: Го спасиле случајни минувачи, сега се бори за живот!
53-годишен српски политичар се бори за живот во болницата во Крагуевац откако од засега непознати причини се полил со бензин и се самозапалил зад зградата на општината во местото Топола.
Српските медиуми објавија дека човекот што се самозапалил е советник во Собранието на општина Топола.
– Во средата беше на собраниска седница и се однесуваше како и обично. Се беше во ред. Дури и една точка од дневниот ред беше усвоена на негов предлог. После тоа отиде да слави – вели извор на српскиот портал Блиц.
Што се случило потоа не е познато. Засега е познато дека Дејан ноќта меѓу средата и четвртокот околу четири часот по полноќ дошол зад зградата на општината, се полил со бензин и се запалил.
За среќа имало луѓе во близина кои брзо интервенирале, инаку исходот најверојатно ќе бил трагичен.
– Видовме човек, гореше. Страшна глетка. Притрчавме да помогнеме и веднаш повикавме брза помош. При спасувањето на несреќниот човек повредена е и раката на полицаец – изјави очевидец на настанот за српските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…