Спасовски и Гранде-Марласка Гомез: Македонија е подготвена да биде домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан

t

На маргините на денешната Конференција во рамки на Берлински процес која се одржува во Тирана, Република Албанија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Кралството Шпанија, Фернандо Гранде-Марласка Гомез.

На средбата беа потврдени традиционално добрите пријателски односи, а фокусот на разговорите беше ставен на организирањето на претстојниот Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан кој во октомври се одржува во Скопје.

-Во оваа прилика би сакал да ја изразам подготвеноста на Република Македонија по третпат да биде домаќин на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, којшто годинава се одржува на 26-27 октомври, во Скопје во согласност со програмата и приоритетите на ротирачкото Претседателство на Кралството Шпанија со Советот на ЕУ, истакна министерот Спасовски.

Тој додаде дека со овој настан организиран на високо ниво ќе се реафирмира заедничката посветеност на европските перспективи на целиот регион на Западен Балкан, како и тоа дека форумот претставува одлична можност за креирање долгорочни партнерства, за зајакнување на регионалната соработка кон ефикасно справување со предизвиците и во постигнувањето на европските стандарди, се до полноправо членство во ЕУ.

Спасовски го информираше колегата Гранде-Марласка Гомез дека во јули во рамки на МВР формиран е Тим за организација со цел успешно реализирање на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан.

-Тимот во МВР ќе делува како тело што ќе одлучува за сите аспекти на организација на настанот и преку претставници на надлежните организациони единици ќе дава задолженија за секој од нив зависно од делокругот на работа и надлежноста, рече Спасовски.

Тој во оваа прилика, иницираше отпочнување на процедура за потпишување на билатерален договор за полициска соработка, предлог кој беше прифатен од страна на министерот Гранде-Марласка Гомез.

На крајот од средбата, двајцата министри ја потврдија заложбата за соработка, а министерот Спасовски се заблагодари за поддршката за зајакнување на земјите од Западен Балкан, во смисла на политичка, економска и социјална интеграција на регионот, со уверување дека Република Македонија стои на располагање на шпанското Претседателство со Советот на ЕУ за сите активности во наредниот период.

Притоа, Спасовски упати покана до шпанскиот колега Гранде-Марласка Гомез за посета на Македонија, која со задоволство беше прифатена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…

„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…

Министерството за внатрешни работи планира да ги…

Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…

Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…

(Видео) Еден полицаец загина, а друг е…

Еден полицаец загина, а друг е тешко…

34 годишник од струмичко село – се…

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…