Не е шега: Бугарија во офанзива за асимилација на Македонците во Албанија

t

Провокација и обид за асимилација е посетата на бугарската потпретседателка Јотова на Голо Брдо каде треба да отвори училиште на бугарски јазик, велат Македонците кои живеат во Албанија.

Ова не е прва ваква посета на бугарски претставници кои делат пасоши и го бугаризираат македонското малцинство, потенцира активистот Едмонд Османи, инаку втор човек на единствената партија на Македонците во Албанија.

Посетата на Јотова се организира во пресрет на пописот во Албанија. Премиерот Ковачевски очекува тој попис да биде коректен, со оглед на одличните односи на релација Скопје-Тирана. Потенцира дека Македонците во Албанија не се оставени сами. Владата е ангажирана во давање помош и поддршка, тоа го докажала со донации и директни контакти.

Опозицијата пак, со критики дека не се прави доволно за Макдонците во Албанија кои се под постојан пристисок на Софија да се откажат од својот етникум за профит и бугарски пасош.

Пописот во Албанија почнува на 18 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…