Велика Британија ја прогласи Вагнер за терористичка организација

t

Вагнер, озлогласената руска платеничка група, официјално е прогласена за „терористичка“ организација во Велика Британија, како што беше објавено минатата недела од Министерството за внатрешни работи на земјата. Тоа значи дека отсега секоја активна поддршка на Вагнер групата во Велика Британија ќе се смета за кривично дело, пренесува Еуроњуз.

„Вагнер е насилна и деструктивна организација која делуваше како воена алатка на Русија на Владимир Путин во странство“, рече министерката за внатрешни работи Суела Браверман.

„Тие се терористи, просто и едноставно“, додаде таа.

Ана Мајер, доцент на Факултетот за политика и меѓународни односи на Универзитетот во Нотингем и експерт за тероризам, изјави за Еуроњуз дека иако пропишувањето терористи функционира малку поинаку во секоја земја, во Велика Британија тоа би значело дека да се биде член или поддржувач на Вагнер ќе се смета за нелегална активност, како и ширење на пропагандата на групата и обезбедување финансиски или други донации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…

(ВИДЕО) ХОРОР! Припадници на Вагнер се снимале…

Црвената соба на Вагнер: Кога руските платеници…