ХОРОР: Жена на спиење го застрела поранешниот сопруг, со помош на ќерката телото го скриле во шума
Педесет и шестгодишен маж од околината на Жабар(Србија) е убиен со пиштол додека спиел во неговата семејна куќа. Полицијата ја уапсила неговата поранешна сопруга поради сомнение дека го убила, а потоа заедно со ќерката телото го однеле во шумата во околината на Кучево. Уапсени се поранешната сопруга и ќерката, а полицијата трага и по триесетгодишен маж.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Пожаревац и Управата за криминалистичка полиција, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, го уапсиле педесет и шестгодишниот Љ. Ј.од околината на Пожаревац, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство, како и дваесет и тригодишната А.А од околината на Жабар, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело помагање во тешко убиство, соопштија од полициската управа на Пожаревац.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство при помагање, кривична пријава ќе биде поднесена и против триесетгодишен маж по кој полицијата интензивно трага, се вели во соопштението.
Л Ј. Ј. е осомничена дека ноќта меѓу 4 и 5 септември годинава го убила својот поранешен педесет и шест годишен сопруг додека тој спиел во куќа во близина на Жабар.
Потоа, како што се сомнева, телото со ќерката А.А и нејзиниот триесетгодишен син го пренела и го оставила во шумата во Кучево, каде што полицијата го пронашла.
Осомничените со кривична пријава се донесени во надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…