Објавено на:

Зеленски на средба со Бајден следната недела: Ќе бара нова помош од САД

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела ќе ја оствари својата втора посета на Вашингтон, објави денеска Белата куќа, во обид да ја зацврсти поддршката на клучниот поддржувач на неговата земја, која испрати милијарди долари помош за борбата против руските сили.

Зеленски ќе отпатува во Белата куќа в четврток на разговори со претседателот Џо Бајден, а исто така ќе има состаноци во американскиот Конгрес.

Патувањето на украинскиот лидер во Вашингтон ќе  биде по средбите со други светски лидери на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Џејк Саливан, советникот на Бајден за национална безбедност, рече дека патувањето е во „критично време“ додека Украина води контраофанзива против Русија.

Бајден ќе ја потврди „својата посветеност да продолжи да го води светот во поддршката на Украина додека ја брани нејзината независност, нејзиниот суверенитет и нејзиниот територијален интегритет“, изјави Саливан на прес конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…