(Фото) Обид за атентат врз Роберт Кенеди: уапсен вооружен човек
Вооружениот човек кој носел полициски беџ и кој тврдел дека е дел од приватното обезбедување кое го чува демократскиот кандидат за трката за номинација за претседател на САД – Роберт Кенеди Јуниор, беше уапсен вчера во Лoс Анџелес, каде Кенеди требало да одржи митинг со говор. Во инцидентот немало пукање.
Апсењето беше обајвено од Брајтбарт Њуз, а подоцна беше и потврдено од самиот Робер Кенеди Џуниор на платформата Х (Твитер), кој потенцира дека се` уште не му се дава заштита од Тајната служба која неговиот противкандидат и претседател на САД, Бајден треба да ја одобри. По правило сите номинирани кандидати за претседател треба да добијат заштита од Тајната служба на САД која е задолжена за заштита на официјални лица од највисок профил. Таткото на Роберт Кенеди и неговиот вујко Џон Кенеди беа двајцата убиени од атентатори едниот во Лос Анџелес во 1968-ма, а другиот во Далас во 1963-та. Роберт Кенеди претходно изјави дека и двајцата, неговиот татко и неговиот вујко, се убиени од криминални елементи во владата на САД.
Кенеди пушти слика од потенцијалниот атентатор кој беше уапсен и се заблагодари на своето приватно обезбедување:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Црна Гора спречен атентат со снајпер…
Во текот на оваа недела, во Црна…
Русија тврди дека и Полска е вмешана…
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот…
Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за…
Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот…
Застрелан заменик-шефот на руското воено разузнавање!
Заменик-шефот на руската воена разузнавачка служба е…
Петмина уапсени поради наводен обид за атентат…
Пет лица се уапсени во Еквадор поради…