Зеленски се закани со “чистка”
Во петокот, украинскиот суд наредил поранешниот министер Нестор Шуфрич да биде притворен 60 дена без кауција поради сомневање дека изразил проруски чувства и извршил предавство.
Шуфрич е обвинет дека одржувал контакт со избеганиот украински парламентарец, за кој истражителите се сомневаат дека работел за руските безбедносни служби, и за охрабрување на промосковски сепаратизам во источна Украина.
Новинските извештаи ги цитираа адвокатите на Шуфрич кои соопштиле дека ќе се жалат на одлуката на судот.
Шуфрич долго време бил член на политички групи пријателски настроени кон Москва, вклучително и една партија која е забранета уште од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Тој бил министер за вонредни служби за време на претседателот Виктор Јанукович, кој побегна од Украина по масовниот бунт во 2014 година што ја предизвика руската анексија на Крим.
Истражителите при СБУ порачале дека тој имал блиски врски и со Виктор Медведчук, бизнис магнат и поранешен пратеник, кој минатата година бил испратен во егзил во Русија во замена за украинските воени затвореници.
Било соопштено дека Шуфрич извршувал инструкции од руски и проруски функционери за промовирање на промосковската политика во Украина.
Во 2014 година, тој разговарал со сепаратистите во источна Украина и ги повика украинските власти да размислат за договор со Москва за создавање проруски територии во земјата.
Властите објавиле дека при претресот на куќата на Шуфрич во петокот биле пронајдени документи за создавање на сепаратистички ентитети во источна Украина, како и руски медали и други обележја.
Колку за потсетување, украинскиот претседател Володимир Зеленск со месеци ги „чисти своите редови“ и изјави дека нема да толерира корупција или предавство во државните работи додека Украина се бори да најде средства да се одбрани од, како што вели, руските напаѓачи.
Уште во јуни, Зеленски ги објави плановите за ревизија на воените канцеларии за регрутирање за да се обиде да ја елиминира корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…
Денеска во Министерството за внатрешни работи се…
(Видео) Нов украински напад на руска територија,…
Нападот со беспилотни летала изведен во текот…