Објавено на:

Најопасната жена на светот повторно е на слобода!

t

Ема Коронел Аиспуро, сопругата на озлогласениот мексикански нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, е ослободена од американски затвор откако поминала две години зад решетки во Лос Анџелес бидејќи му помогнала на нејзиниот сопруг да дистрибуира дрога вредна милијарди долари во САД и поради перење на пари.

Како шеф на озлогласениот картел Синалоа, 66-годишниот Гузман управуваше со трговијата и шверцот со дрога во Мексико 25 години. Околу себе собрал и група луѓе подготвени да убиваат, киднапираат и мачат.

Гламурозната 34-годишна сопруга и мајка на две деца сега е подготвена да започне нов живот без него, а многумина се прашуваат која е поранешната убавица и како стана најдоверливата личност и сојузник на најозлогласениот наркобос на светот?

Неодамна ослободената затвореничка е родена во ранчерско семејство во близина на Сан Франциско во 1989 година и пораснала во зафрленото село Дуранго Ла Ангостура, Мексико. На 17-годишна возраст, таа стана Мис, кога победи на изборот за убавина како дел од фестивалот на кафе Гуава во Мексико во 2007 година.

Оваа убавица, која има двојно државјанство, не е прва во семејството која се поврзува со картелите. Имено, нејзиниот татко Инес Коронел Барерас бил еден од најдоверливите соработници на Ел Чапо пред неговото апсење во 2013 година.

Како се запознала со „Ел Чапо“?

Ема го запознала наркобосот кога тој ја замолил да танцува на забава во Мексико кога имала 17 години.

„Ми се насмевна заводливо. По некое време, една личност ми пријде и ми рече: “Тој човек прашува дали сакаш да танцуваш со него”, а јас реков ок”, изјави таа за LA Times во едно од нејзините ретки интервјуа.

Обичен танц се запали во бурна романса, а Ема набрзо ја доби титулата трета сопруга. Тие се венчаа откако таа наполни 18 години. Ел Чапо е 32 години постар од неа, а нивните две ќерки се најмладите од деветнаесетте деца за кои се вели дека се негови.

Каква беше нејзината улога во познатата нарко-империја?

Во февруари 2021 година, таа беше приведена од ФБИ на меѓународниот аеродром „Далес“ во Вашингтон, под обвинение за трговија со дрога.

Според обвинителите, Ема помогнала во водењето на нарко империјата на нејзиниот сопруг помеѓу 2014 и 2017 година и, како што велат, тесно соработувала со командната и контролната структура на картелот Синалоа. Таа беше обвинета дека дистрибуирала големи количества дрога што била прошверцувана во САД.

Коронел Аиспуро му помогна на својот сопруг да избега од најбезбедниот затвор во Мексико во 2015 година, купувајќи земја што беше искористена за копање подземен тунел што на крајот го доведе до слобода. Обвинителите рекоа дека таа исто така шверцувала ГПС часовник преку обезбедувањето на затворот, откако го маскирала како храна. Кралот на дрогата, како што го нарекуваат Ел Чапо, ја користел и неговата сопруга како „гласник“, па таа пренесувала пораки меѓу него и другите членови на картелот додека бил во затвор, соопшти тогаш обвинителството.

Во 2021 година, Ема Коронел Аиспуро се изјасни за виновна за помагање во увоз на повеќе од 450.000 килограми кокаин, 90.000 килограми хероин, 45.000 килограми метамфетамин и околу 90.000 килограми марихуана. Таа, исто така, учествуваше во два заговори за да го извлече нејзиниот сопруг Ел Чапо од затвор. Станува збор за едно успешно бегство од 2015 година и уште еден неуспешен обид што се случил една година подоцна, додека тој чекал екстрадиција во САД.

Првично соочена со максимална затворска казна од десет години, Коронел Аиспуро доби релативно лесна казна поради недостатокот на криминално досие и фактот што таа не беше вклучена во понасилните активности на картелот Гузман. Како дел од нејзиниот договор за признавање вина, таа, исто така, предаде 1,5 милиони долари од дрога. Ослободена е по 27 месеци затвор.

Поддршка на судење

Посветената сопруга, Коронел Аиспуро присуствуваше на судењето на нејзиниот сопруг секој ден како знак на поддршка. Таа се појави во скапа дизајнерска облека и со големи очила за сонце на лицето, а бидејќи шпанскиот и е мајчин јазик, таа носеше слушалки и го слушаше преводот во текот на целиот судски процес.

За време на судењето на Ел Чапо, поранешната кралица на убавината објави и инспиративни цитати за љубовта и лојалноста на нејзиниот оттогаш избришан профил на Инстаграм. Позната по тоа што не дава интервјуа, таа потоа направи дури и исклучок и даде ретко интервју во кое го претстави Ел Чапо како татко и сопруг.

Кога дојде пресудата на Ел Чапо, тој се сврте да ја погледне својата сопруга уште еднаш и ја бакна. Борејќи се со солзите, таа потоа му се насмевна и му упати палец нагоре.

Ел Чапо беше осуден на доживотен затвор и ќе ги проживее деновите во затвор што го нарекуваат „високо технолошка верзија на пеколот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одобрен првиот орален лек против коронавирус во…

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача денеска…