Трамп: Украина можеше да ја избегне војната
Републиканскиот кандидат за претседаетл тврди дека Киев можеше да направи компромис со Русија уште пред да почне војната.
Украина можеше да избегне стотици илјади мртви и да изгуби помалку територија доколку постигнеше мировен договор со Русија пред почетокот на војната, рече поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во интервју вчера.
Загубата на украинска територија беше нешто за кое украина можеше да преговара, Трамп посочи кај Кристен Вокер на телевизијата ЕнБиСи, и додаде дека многу луѓе очекуваа Киев да ги напушти позициите за Крим и други делови на Украина кои Украина не ги контролираше пред почетокот на војната.
„Значи тие можеа да направат договор на почетокот и ќе изгубеа помалку територија отколку што Русија сега им одзеде“, продолжи Трамп. „Тие можеа да направат договор и никој да не страда, можеа да си ја задржат земјата. Сега никој не знае дали Украина ќе постои и во каква форма.“ додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…