Ковачевски во работна посета на САД
Премиерот Димитар Ковачевски е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски ќе оствари средби во Њујорк со високи претставници на Стејт Департментот, на Светскиот економски форум и Светска банка, со претставници на мултинационални компании и македонската бизнис заедница во САД, како и со претставници од Европската Унија. Меѓу предвидените средби се состаноци со управниот директор на Светскиот економски форум, Мирек Душек, со управната директорка на Светска банка, Ана Бјерде, како и со заменикот помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Фокусот на разговорите е економскиот развој на Македонија, атлантското партнерство, европските перспективи и важноста на стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД во сите овие процеси од значење за квалитетот на живот на македонските граѓани.
Во рамките на работната посета на САД, премиерот Ковачевски ќе присуствува и на прием по повод одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…