(Видео) Театар за широките народни маси: Ахмети потврди дека Мицкоски барал и договорил измени на Кривичниот Законик

t

Првиот човек на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во едно поинакво интервју за ТВ21, зборуваше за измените во Кривичниот законик, но и за уставните измени кои верува дека ќе се случат.

„Кривичниот законик не е прогласување амнестија. Амнестијата има друг карактер, додека кривичниот законик и измените што се направени се сосема друга работа. Кривичниот законик, кој го менуваме, е фосилен остаток од југословенскиот режим. Да се ​​пролонгираат истрагите, да се држат луѓето под истрага шест, осум години… И целиот законик, промената што беше направена е направена за да има функционална држава и функционално судство. Да не се држи човек под истрага шест години и потоа да се ослободи како невин“, вели Али Ахмети.

Но проопозициските медиуми сега се фалат дека Мицкоски не бил тој кој ги барал измените на Кривичниот Законик и дека истото го потврдил Ахмети.

Сепак Ахмети потенцира дека прв кој барал измени на Кривичниот Законик и членот 353 е токму Христијан Мицкоски што ја потврдува изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби.

Три години е разговарано, дебатирано со опозицијата. И во тоа време превземавме заедничка иницијатива ДУИ, СДСМ и ВМРО за да се укине стариот Законик. На крај испадна доста интересен епилог, прво не се согласуваше Зоран Заев и потоа кога се договоривме за да се укине, затоа што СДСМ првично се повлече, кога се договоривме со СДСМ се повлече ВМРО, вели Ахмети.

Вицепремиерот Артан Груби неодамна изјави дека низмените на Кривичниот законик со кои се намалуваат можните казни за функционерите и службените лица ги побарал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Груби, кој присуствуваше на настан крај Тетово, тука немало пазарење со опозицијата, а за ВМРО-ДПМНЕ рече дека не гласало против потребата од донесување на овие измени по скратена постапка, но направи кворум на седницата.

– Останаа на седницата, правеа кворум и заедно го усвоивме дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања. Целта не е со овие услови да се врати Никола Грувески, туку тоа е екслузивно барање на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ на сите лидерски и билатерални средби и имаат шанса тоа да си го направат во Собранието, одговори Груби на новинарско прашање.

ВМРО-ДПМНЕ наводно бара измени во Кривичниот законик, кои би воделе кон застарување на обвиненија за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а со тоа кон индиректна амнестија на нејзини високи функционери, вака започнуваше текстот на Дојче Веле од 19.07.2018 година кога се одржа првата лидерска средба помеѓу Зоран Заев како премиер и Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, текстот е со наслов „ВМРО-ДПМНЕ зад сцената бара „индиректна“ амнестија?“ и можете да го прочитате на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…