Веројатно гласините се точни – Песков тврди дека Кремљ нема информации за здравствената состојба на Кадиров
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска, изјави дека Кремљ нема информации за можна болест на лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, а исто така ги демантира информациите дека Кадиров наводно се сретнал со Владимир Путин.
Претходно, на социјалните мрежи се појавија непотврдени информации дека Кадиров наводно починал ноќе во Централната клиничка болница на Управата на претседателот на Руската Федерација, пренесува „РИА новости“.
Украинските разузнавачи објавија информации дека Кадиров е во тешка здравствена состојба. Кадиров, меѓутоа, неодамна објави видео од својата прошетка и ги покани оние што не ја разликуваат вистината од лагата на интернет да прошетаат на чист воздух.
„Немаме никакви информации. Во секој случај, претседателската администрација тешко може да даде информации за неговата здравствена состојба. Значи, нема што да кажеме овде“, одговори Песков на новинарите на прашањето колку Кремљ е загрижен за состојбата на Кадиров.
Покрај тоа, Песков ги коментира извештаите дека Кадиров наводно одлетал во Москва во неделата за евентуално да се сретне со Путин.
„Немаше средби со Путин“, одговори Песков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОАЕ бара итен крај на војната меѓу…
Висок функционер на Обединетите Арапски Емирати повикува…
Полицијата сузби дива плантажа за марихуана
Министерството за внатрешни работи откри дива плантажа…
Седумдесет лица се убиени во последните израелски…
Вкупно 70 лица беа убиени во израелските…
Трамп не сака да врши притисок врз…
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе…
Финансии не дава согласност за негувателки во…
,,Министерството за финансии цел месец не дава…