Украина: Утре ќе поднесеме тужба против Полска, Унгарија и Словачка
Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраните наметнати на украинските земјоделски производи, изјави денеска украинскиот трговски претставник Тарас Качка за Politico.
Ограничувањата наметнати од ЕУ во мај им дозволија на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка да забранат продажба на украинска пченица, пченка, семе од репка и сончоглед на нивната територија, иако дозволија транзит на таков товар за извоз на друго место.
Сепак, имајќи предвид дека Европската комисија одлучи да не ја продолжи забраната за увоз во пет соседни земји Украина, Полска, Словачка и Унгарија во петокот најавија свои ограничувања за увоз на украински житарки. Варшава, Братислава и Будимпешта наведуваат дека дејствуваат во интерес на нивните економии и дека со овој потег сакаат да ги заштитат своите земјоделци.
„Важно е да се докаже дека овие дејствија се правно погрешни. Затоа утре ќе започнеме правна постапка“, рече Качка, додавајќи дека Украина би можела да воведе реципрочни мерки кон Полска доколку Варшава не се откаже од оваа одлука.
„Тогаш би биле принудени да возвратиме со дополнителни производи и би забраниле увоз на овошје и зеленчук од Полска“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…