ЈСП: Бруцошите имаат право на бесплатен превоз
Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, потсетуваме дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.
Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот.
Потребни документи:
Потврда за редовен студент (не постара од еден месец)
Оригинал индекс и лична карта на увид
200 ден (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“
На бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 год).
Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.
За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopje.
Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет.
Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парното поскапува од 1 декември, сметките во…
Од 1 декември цената на топлинската енергија…
Вo текот на минатата недела се отстранети…
Во текот на изминатата седмица, екипите на…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…