Ќе има ли дисциплинска постапка против обвинители по наводите од случајот на Марјан Доказ?
Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство се уште не донела одлука дали ќе се поведе дисциплинска постапка за обвинителите на Вишото обвинителство Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, по поднесениот предлог од нивниот колега и шеф Мустафа Хајрулахи поради сомневања дека тие нарачувале текстови на „ДОКАЗ М“, како што тврдеше сопственикот на порталот Марјан Стаменковски.
„ До дисциплинската постапка дисциплинската комисија се доставени иницијативи за поведување дисциплинска постапка против неколку јавни обвинители. До овој момент Комисијата нема донесено решение за поведување постапка за испитување дисциплинска одговорност за јавните обвинители што ги наведувате. “ – стои во одговорот од Обвинителството за Канал 5.
Шефот на Вишото обвинителство поднесе и кривична пријава за двајцата обвинители.
Барањата за одговорност на Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи дојде по изјавата на Марјан Стаменковски кој кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев, но и уште една обвинителка. За обвинителот кажа дека му испраќал информации, тврдење, кое беше демантирано од Рајчев, кој најави и тужба до сопственикот на ДОКАЗ М.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…
Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…
(Видео) Дисциплинска за четворица полицајци, гости во…
Дисциплинска постапка е поврдена за четворица полицајци…
ДКСК се „неписмени“, сметаат обвинителите
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
(Фото) Воспитувачка во градинка во Аеродром на…
После 4 месеци од завршната приредба на…
Ќе има ли дисциплинска постапка против обвинители…
Дисциплинската комисија при Јавното обвинителство се уште…