Столтенберг и Мили согласни: Мора да се подготвиме за долга војна во Украина
Двајцата топ западни официјални лица рекоа дека НАТО се подготвува за долга војна во Украина, како што перспективите за мировни преговори се намалуваат се` повеќе и повеќе.
Најпрво Генсекот на НАТО Столтенберг во интервју за германската Функе Мадиа Груп изјави дека алијансата е посветена на воена помош на Украина и дека само со овој начин може да осигура мир. „Повеќето војни траат повеќе од очекувањата и затоа мора да се подготвиме за долга војна во Украина“ и додаде „Мора да се согласиме дека доколку Зеленски и Украина престанат да се борат ќе ја изгубат државата, а доколку Путин и Русија престанат да се борат, ќе имаме мир“, заврши тој.
Генералот Мили пак изјави дека на Украина ќе ѝ треба многу подолго време да ја порази Русија од првичните проценки. „Јас можам да ви потврдам дека ќе треба многу повеќе време за воено да се исфрлат над 200 000 руски трупи од окупираните делови на Украина. Тоа е многу висока бројка и ќе треба многу време за постигнување на целта и ослободување на Украина“, рече генерал Мили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…
Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…