На денешен ден Заев и Димитров беа фатени за ширење лажна вест за средба со Трамп
На денешен ден пред 6 години тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, беа фатени од граѓаните на Македонија дека до медиумите лиферуваа лажна вест за билатерална средба со тогашниот претседател Донал Трамп.
Зоран Заев тогаш за првпат откако стана премиер се соочи со сериозни критики од медиумите, па дури и од тие што му беа наклонети нему и неговата влада, бидејќи ги довел во заблуда и лажно лиферувал вест дека имал билатерална средба со Трамп на Генералното собрание во ОН.
Вистината излезе на виделина веќе следниот ден со видео доказ дека Заев само на поминување се поздравил со Трамп, а Димитров таа „средба“ ја овековечи со матна слика од неговиот телефон која слика беше лиферувана до сите медиуми за да ја прошират оваа лажна вест.
По овој скандал владата отпушти многу хонорарци (твитерџии) од тогашното Министерство за транспарентност, за кои се шпекулира дека го поттикнале лиферувањето на оваа лажна вест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…
Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…
Родител на починато дете: Не сум задоволен…
Родител на починато дете во објава на…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Америка бара контрола врз клучен гасовод во…
САД, според извештаи, побарале контрола врз клучен…