Претрес во Тетово, пронајдени пушка, пиштол и муниција, приведено едно лице
На 19.09.2023 околу 17.15 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје, дрога и опасни материи при МВР го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Љ.Ј..
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 16 милиметри, 22 патрони од ист калибар и оштетена пломба за деактивирање на пушката.
Покрај тоа, биле пронајдени и одземени пиштол „цз“ калибар 9 милиметри, три рамки и 13 куршуми од истиот калибар.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…
17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…