И ХРВАТСКА НЕМА ДА КУПУВА УКРАИНСКО ЖИТО: „Тоа е за нашите земјоделци да немаат проблем“
Хрватска нема да увезува украинско жито. Откако Унгарија, Романија, Словачка и Бугарија, четири земји-членки на ЕУ, одлучија да воведат еднострана забрана за житото, но и за други производи од Украина, хрватскиот претседател Андреј Пленковиќ рече дека „очигледно дека овие земји забележале дека дел од тоа жито бил пласиран на нивниот пазар“, пренесува Нова.
Пленковиќ кажа дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинските министри јасно им е порачано дека „ставот и желбата на Хрватска е да биде транзитна земја, а не земја во која ќе дојдат огромни количества евтино жито од Украина па нашите земјоделци да имаат проблем“.
На прашањето на новинарите дали Хрватска ќе оди во таа насока, Пленковиќ повтори дека хрватските пристаништа служат за транзит на украинското жито во трети земји.
– Целата идеја на коридорот на солидарност е замислена така да огромните количества украинско жито, и покрај бруталната руска агресија на Украина, да успеат да се извезат од Украина – кажа Пленковиќ.
Украина неодамна најави дека ќе одговори на потегот на некои земји на ЕУ да го забранат увозот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Доколку режимот не може повторно да…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку…
Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија економски…
По една година од новата влада, состојбата…
Брлогот со емотивен статус за неговата внука…
За мојата внука Моника... Внуката што со…
Влен се пофали правеле „револуција“ во јавната…
Владата предводена од коалицијата ВЛЕН докажува дека…
Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот…
Додека светот ја чека најавената иранска одмазда…