Блокиран центарот на Скопје – пензионерите гласно побараа повисоки пензии
Пензионерите од повеќе градови во државата, денес по повод Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, излегоа на протест пред Владата.
Говорниците на протестот побараа за 3.500 денари линеарно покачување на сите пензиите, а најниската да не биде помала од 18 илјади денари, или оставка на Владата.
На транспарентите пишуваше: „Имаме право на достоинствен живот“, „Линеарно покачување на пензиите“, „Оставка“.
Од Пензионерскиот синдикат претходно објавија дека во некои земји минималната пензија е поставена на 45 отсто од нето исплатена просечна плата и истото се залагаат да биде пракса и во нашата држава.
„Сметаме дека измената на член 37 од законот за пензиско и инвалидско осигурување, согласно кој усогласувањето на пензиите се прави врз основа на движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50% е добра основа за понатамошно усогласување на пензиите“, велат од Пензионерскиот синдикат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена…
Четириесет и тригодишен жител на Битола бил…
Во напад во училиште во Словачка загина…
Напад во училиште во северозападна Словачка, извршен…
Дете со тешки повреди пренесено во болница,…
На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР…
Папата Лав XIV ја опомена и ја…
Европа може и мора да одигра клучна…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…