Божиновски му одговори на Љубчо: Тие за кои зборуваш се контрачети, ѝ ја отсекле главата на Дуња!
Битолчанецот Божидар Божиновски, на Фејсбук му одговори на претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, кој вели дека треба да се признае дека сме се бореле заедно со Бугарите.
Божиновски “ја потврдува” тезата со тоа што дополнува, се бореле одредени, наречени се контрачети и таквите ѝ ја пресекле главата на Дуња!
– “Треба да признаеме дека заедно сме се бореле со Бyгapите” – Љубчо
Може сте се бореле вие, имало и такви случаи на заедничка борба, се викаат контрачети кои се бореле против слободна Македонија. Најпозната е велешката контрачета која ја уби Дуња и ја парадираше нејзината отceчена глава. По војната се стрелани, сега некои бараат рехабилитација на џелатите.
Другите не се бореле на таа страна, на страната на фашизмот. – напиша Божиновски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Никола Груевски сподели статус на ОМО Илинден…
Од "непознатите" книги и документите за Бугарите.…
Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…
Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…