“Мост” го улови бугарскиот амбасадор во Албанија: Делел телефони за да ги убеди Македонците да се попишат како Бугари

t

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, вели за МИА, претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани, изразувајќи „најостра осуда за притисокот што бугарската амбасада го врши врз Македонците“.

Тој додава дека во текот на изминатите неколку дена биле сведоци на вознемирувачки дејствија на бугарската амбасада во Албанија, поточно на посетата на бугарскиот амбасадор на нивниот регион за време на тековниот попис на населението.

Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди – таблети и телефони, вели Хасани.

Тој додава дека со гордост кажува оти наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволиле на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. Исто така, како што вели, и администраторот на административната единица Требиште одбил да се сретнат со бугарскиот амбасадор.

Ние го негуваме нашето право на слободно изразување и веруваме дека секој поединец треба да има слобода да се самоидентификува и да учествува во пописот без надворешен притисок или манипулација. Ја повикуваме албанската Влада да се погрижи нашите права да бидат заштитени за време на овој клучен пописен процес. Сакаме да им се обратиме и на нашите сограѓани Македонци во Албанија. Соочени со надворешни притисоци и мешање на Бугарија, ве охрабруваме да застанете цврсто и да го зачувате вашиот идентитет, порачува тој во име на друштвото „Мост“.

Хасани апелира до Македонците да не потклекнуваат на каква било форма на принуда од страна на Бугарија „затоа што попишувањето е тајно и Бугарската амбасада нема да знае кој како се изјаснил“.

Реагира и еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и жител на селото Требиште. Тој за МИА вели дека е неприфатливо и бесрамно мешањето во внатрешните работи на Албанија и јасно кршење на принципите наведени во Виенската конвенција.

Ги повикуваме албанските власти нам Македонците во областа Голо Брдо и цела Албанија да ни го гарантира правото на слободно изјаснување на пописот без притисок и влијание од страна на Бугарија. Бараме од албанските институции да го спречат бугарскиот амбасадор и персоналот на Амбасадата да ги посетуваат регионите населени со Македонци за време на пописот и да вршат притисок врз Македонците да се попишат како Бугари, вели Османи.

Тој посочува дека сакаат Албанија да „обезбеди пописот да се спроведе на фер и транспарентен начин, со почитување на различните идентитети и јазици на албанското население, вклучително и мајчиниот македонски јазик“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…