Беџети: Груевски може да се врати кога сака во Македонија
Груевски може кога сака да се врати, зашто тој е граѓанин на оваа земја – рече во интервју за Алсат Блерим Беџети организациски секретар на ДУИ.
Тој исто така кажа и дека „не сака да биде адвокат на ниту еден министер“ и да одговори на прашањето кој министер од ДУИ бил во Будимпешта.
„Добро е да каже ВМРО кој министер бил, не сакам да играм улога на адвокат на ниту еден министер, најмалку имам потреба за тоа.. Сигурно дека уставните измени се корисни за државата и граѓаните. Сега, внатрешните разлики што ВМРО ДПМНЕ ги имаат се нивно прашање, но тоа воопшто не треба да го спречи овој процес кој е многу важен за интеграцијата на државата односно за почеток на преговорите со ЕУ. Многу е корисно и за животниот стандард и сите придобивки што ги носи ЕУ“, рече Беџети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…
17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…