ТРИДНЕВНИОТ ПИВОЛЕНД ОД ДЕНЕСКА ПРЕД АРЕНАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ЌЕ НАСТАПАТ И БРОЈНИ ДОМАШНИ МУЗИЧАРИ
Денес започнува Пиволенд ве очекуваме сите на добра забава со ладно пиво
Денес со почеток во 18:00 часот официјално започнува најурбаниот градски фестивал – Пиволенд.
На два стејџа со повеќе од 50 изведувачи овие 3 дена пред Спортскиот центар Борис Трајковски Скопје ќе пулсира со добра музика ладно пиво и одлична храна.
На главната сцена ќе ги слушаме: – Инфузиона2 (бендот од Шпанија), Дани Димитровска со својот бенд, Ареа и Куку Леле, додека на помалата 2BEER OR NOT 2BEER сцена млади бендови и диџеи но и легендите на македонскиот рокенрол Културно Уметнички Работници со полн концертен репертоар.
Повеќе од 30 различни пива ја сочинуваат пивската листа, но и убава храна и деликатеси.
Важно е да се напомене за начинот на плаќање,
ви го претставуваме xPressPay: бесконтактен платежен систем кој го олеснува и забрзува процесот на плаќање, добивате картичка која ја надополнувате со пари, истата важи и се користи сите 3 дена.
Новина е што оваа година, по неколку годишна пауза се враќа игротеката за возрасни, бир понг, пикадо фудбалче и многу други игри ве очекуваат. Ќе има и студио за тетоважи како и демонстрација на кунфу вештина, но и стрелачка арена со лак и стрели.
Многу забава го очекува Скопје овие три дена па затоа повелете на урбано дружење и ладно пиво.
Од организаторите Крафт Продукција пристигнува и апелот да се комзумира одговорно и да се избегнува возење на автомобили.
Дојди Види Испиј на Пиволед
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…