Повод за нови немири? Одреден е притвор за тројцата Срби уапсени во Косово
Основниот суд во Приштина на тројца Срби, кои во средата беа уапсени во Косово, им одреди мерка 30-дневен притвор.
Во истиот суд претходно беа сослушани Илија Елезовиќ, Драган Миловиќ и Зоран Костиќ, објави косовскиот портал Косово Онлајн.
Елезовиќ е уапсен во Косовска Митровица, Драган Миловиќ во Звечан, а Зоран Костиќ во Прилужје.
Сите тројца се обвинети за наводно извршени воени злосторства врз цивилното население.
Во меѓувреме КФОР подготвува голема воена вежба на северот на Косово, каде постои можност ваквите апсења да предизвикаат реакции кај локалното население, какви што веќе видовме во изминатиот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…