По примерот на Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник Змеев

t

По Македонија и Бугарија одлучи да го протера рускиот свештеник Васијан Змеев, објави руската агенција „ТАСС“.

Од агенцијата наведуваат дека рускиот свештеник бил закана за националната безбедност.

Покрај него, од Бугарија се протерани уште двајца црковни службеници. Одлуката на бугарските власти за протерување на тројцата црковни службеници од Московската патријаршија во Софија, руската амбaсада ја оцени како „остро и бесрамно дејствие“.

Македонија неодамна протера тројца руски дипломати од земјата, прогласувајќи ги за persona non grata во Македонија, дополнително протеран беше и еден руски свештеник за кој бугарската јавност реагираше дека живее и работи во Бугарија.

генералот Атанас Атанасов, во изјава за БНТ ја критикуваше работата на бугарските безбедносни служби коментирајќи го потегот на македонското МНР да ги прогласи за непожелни тројца руски дипломати и руски архимандрит.

„Нели ѝ е срам на бугарската разузнавачка служба што службите на мала Македонија дознаа дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и затоа го протерале од таму. А тој без никакви проблеми удобно си живее во Бугарија“, изјави за БНТ генералот Атанас Атанасов, кој е претседател на партијата Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски медиуми: Хилари Клинтон е во посета…

Хилари Клинтон е во посета на Бугарија,…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…