Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ негираат дека Груевски ги контактирал!

t

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали поранешниот премиер и лидер на партијата ги контактирал со цел убедување да гласаат за уставните измени.

Христијан Мицкоски со интервјуто за германски “ФАЦ”, во кое го нападна Никола Груевски, успеа да создаде дополнителен раскол и поделба во партијата, која и така не стои најдобро на последните анкети, кои дополнително го фрустрираат Мицкоски поради високиот рејтинг на Груевски.

Ботовите на “дувлото” на Мицкоски, во обид да го оправдаат “лидерот”, на социјалните мрежи го обвинија Груевски дека влијае врз пратениците за да ги поддржат уставните измени.

За да се расчисти дилемата дали Груевски контактирал пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на уставните измени, ги прашавме пратениците дали биле контактирани од поранешниот премиер и дали од негова страна било побарано да гласаат за уставните измени.

Пораките до пратениците ги испративме денеска, околу 16 часот, а до овој момент само пратеникот Петар Ристески од Прилеп ни одговори дека Груевски не го контактирал.

Сите останати пратеници, поради непознати причини, не одговараат на прашањето на Инфомакс, иако најголем дел од нив ја прочитале пораката.

Поранешниот премиер Груевски предмалку во објава на Фејсбук ги повика пратениците да не гласаат за уставните измени.

Во вчерашната епизода на Тешки муабети, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски истакна дека оваа расправија е обид на Мицкоски да ја префрли вината за уставните измени кои самиот ги договорил врз поранешниот лидер на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кузеска: Спрема ли МВРО-ВМРО злоупотреби со личните…

„Непосредно пред локалните избори, во време кога…

Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ,…

Негативна е оценката за владата на Христијан…

Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Гаши се обидува да…

Ја известуваме јавноста дека претседателот на Собранието…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…