Рама: Однесувањето на Курти не води до целта, пристапот на Приштина му помага на Белград

t

Премиерот на Албанија Еди Рама, во врска со обвинувањата на косовската Влада кон специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека тоа се работи кои „оставаат без зборови“ и кои предизвикуваат поголема штета, наместо да ја подобрат ситуацијата, наведувајќи дека патот што го избра Албин Курти не е патот до целта.

Во интервју за Еј-Би-Си Њуз Рама изјави дека пристапот на Приштина и помага на Србија, бидејќи, според него, Србија станува жртва во очите на целата меѓународна заедница и на косовските пријатели и партнери, пренесува Косово онлајн.

– Реакцијата на премиерот Курти пред неколку дена беше без преседан. Не се сеќавам на сличен случај, висок претставник на Косово директно да го обвини претставникот на ЕУ и да каже дека испратил писмо со жалба до функционерите, (германскиот канцелар Олаф) Шолц и (францускиот претседател Емануел) Макрон. Тоа се работи што ве оставаат без зборови и дополнително го оштетуваат она што наводно се обидуваат да го поправат, бидејќи теориите на заговор за соработка што ја откривте меѓу Србија и специјалниот пратеник на ЕУ, не е нешто што е препорачливо да се направи, рече Рама.

Тој потенцира дека не се сомнева во желбата на Курти да го направи најдоброто за Косово, но никогаш не се доволни големата желба и добрата волја, потребна е стратешка визија за да се постигне целта, која овде Рама не ја гледа.

На изјавата дека е малку парадоксално тоа што Албанија претседава со Советот за безбедност, но е немоќна да влијае на Приштина, Рама одговара дека не сака да влијае на Приштина, бидејќи таму има Влада која произлегува од волјата на народот и која има одговорност да го води Косово и да го избере патот до целта.

– Заклучокот е дека мислиме дека патот што го избраа не води до постигнување на таа цел, туку води до судир со САД и ЕУ. Ова е тажно, но верувам дека е привремено, рече Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…