МАЈКА ОД ГОСТИВАР ЌЕ ЈА ДОБИЕ ЗАСЛУЖЕНАТА КАЗНА – вчера го оставила седум месечното бебе само и дехидрирано, еве што ја очекува!

t

Гостиварката која остави седумесечно бебе само и без грижа, ќе биде лишена од родителското право. Постапката е поведена во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гостивар, каде од синоќа се работи на сместување на уште две деца од истото семејство.

Случајот излезе во јавноста вчера попладне кога по пријава во полиција, тим од социјални работници дошол во куќа на улицата „Илинденска“ и затекнал седумесечно бебе во лоша здравствена состојба.

– Детето било оставено само и дехидрирано по што е пренесено во гостиварската болница и оттаму испратено за Скопје. Мајката има уште две деца, едно на осум и другото на 1,5 годишна возраст. Со оглед дека станува збор за нефункционално семејство, за децата е поведена постапка и во најскоро време тие ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, наведуваат од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.

Од оваа институција најавуваат и постапка за одземање на родителското право на мајката врз трите деца, бидејќи таа е осудена и до правосилноста на пресудата се наоѓала во куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Исланд до Германија и Франција- Мицкоски…

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека при креирањето…

Кривична против Србин: насилно отворил резервоар од…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот…

Поплава во објектот на поранешна „Нова Македонија“…

Пукната топловодна цевка утрово предизвика поплавување на…

Мицкоски за „Чебрен и Галиште“: Ќе биде…

„Чебрен и Галиште“, тоа е проект кој…

Михаилова во Кочани во судница со бугарски…

На вчерашното рочиште искази даваа вештаци во…