(Видео+Фото) Кое лицемерие: Бараше да си лежат, а сега се фотографира со Јанкуловска

t

Навистина е тажно да ја злоупотребуваш туѓата несреќа за собирање на ситни пред се внатрепартиски поени во борба со замислен непријател како Дон Кихот на македонската политичка сцена.

Токму ова се случи денеска кога рано утринава Христијан Мицкоски објави фотоградија со екс-министерката Гордана Јанкуловска која веќе петта година е жртва на класичен политички прогон во Македонија, жена за која не одржа ниту еден протест, ниту една прес-конференција, не даде ниту една изјава.

Иронијата оди дотаму што пред помалце од една година Христијан Мицкоски во интервју за А1 он истакна дека сите оние кои се правосилно осудени вклучувајќи ја и Јанкулоквска и екс-премиерот Груевски дека треба да ја отслужат својата затворска казна.

Токму таков пример е екс-министерката за внатрешни работи со која денес се фотографираше Мицкоски. Да се потсетиме дека минатата година Јанкуловска беше осудена во случајот Титаник, а претходно доби затворска казна за случајот Тенк.

И веројатно сите ние сме свесни за оние политички опортунисти кои климаа со главите најпрвин кај Љубчо Ѓорѓиевски, па потоа кај Никола Груевски за сега да климаат со главите пред Христијан Мицкоски, но фактот што се злоупотребува една голема несреќа како оваа на министерката е навистина тажно.

Ако во првата година од претседателствувањето на Мицкоски со ВМРО секое второ соопштение беше за политичкиот прогон на власта кон своите неистомисленици наредните 5 години овие луѓе беа оставени самите на себе, за на крај последниот став на Мицкоски да биде дека сите треба да одговараат за она што наводно го сториле.

Стравот е голем, а кај Мицкоски толкав да злоупотреби една мајка чие дете веќе неколку години расте само, со единствена цел да ја спаси својата политичка кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…