Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух
Од 11 часот пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во атарот на тетовското село Милетино во Општина Брвеница.
Огнот е на планината Сува Гора, а се гаси со вода од земја со камионите-цистерни на Тетовската противпожарна единица, но и авиони и хеликоптер.
– Пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР кои ќе им помогнат на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Тетово во гаснењето на овој пожар, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираа дека една нивна екипа интервенирала и околу 13 часот и изгасила пожар на отворено во атарот на село Лешок, Општина Теарце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бит-пазар едвај прооден, полицијата и Град Скопје…
Полиција утрово го преполни Бит-пазар поради акција…
Мицкоски: Овие од СДСМ што се против…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето…
„Гардијан“: Киев практично стана град на фронтот…
Главниот град на Украина сè повеќе наликува…
Мицкоски: Кога од СДС ќе обвинуваат за…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вчерашното…
World Population Review: Македонија на прво место…
Според листата пренесена во мај годинава, 39,5…