Состојбата е АЛАРМАНТНА: Косово е пред меѓународна изолација?

t

Вознемирувачки и алармантни се состојбите настанати во дијалогот и односот меѓу косовскиот премиер Албин Курти и посредникот на ЕУ во дијалогот, оценуваат аналитичарите во Косово и предупредуваат дека доколку владата не ги земе предвид последните пораки на Американскиот пратеник Габриел Ескобар, Косово може да претрпи сериозни последици, пишува Дукаџини.


Професорот Миљазим Красниќи вели дека извршната власт треба да го промени пристапот кон посредниците во дијалогот и внимателно да ги слуша американските пораки, бидејќи во спротивно може да има последици.

„За жал, Косово веќе се соочува со голем меѓународен притисок, соочен со ризик од изолација, блокирање на интеграцијата, соочен со ризик од блокирање на фондовите на Европската унија и со тоа да го наруши неговиот имиџ како доверлива страна во процесот на дијалог. Значи, ситуацијата е дефинитивно алармантна. Во оваа ситуација тоа што го кажа Ескобар мора правилно да се разбере бидејќи тој доаѓа во име на Америка“, изјави Красниќи.

Истото го вели и професорот по меѓународни односи Дритеро Арифи, кој посочува дека интеграцијата на Косово може да стане потешка.

„Пораките и укорите на господинот Ескобар се многу остри, длабоки и со многу последици, бидејќи не смееме да заборавиме дека овие пораки и опомени доаѓаат од најмоќната земја во светот, за најслабата земја во светот. Така што во овој случај мораме да внимаваме да бидеме посмирени и постратешки бидејќи во спротивно сепак може да бидеме казнети“, рече Арифи.

Бељгазим Камбери од Институтот „Мусине Кокалари“ вели дека сите овие пораки од Запад се однесуваат и на неспроведување на договорите постигнати во рамките на дијалогот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…