Германија воведува контроли на границите со Полска и со Чешка
„Мислам дека сега треба да бидеме прагматични и да воведеме стационарни гранични контроли и на границите со Полска и Чешка“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД) во интервју за „Велт ам Зонтаг“..
Таа рече дека веќе има длабински контроли во пограничните области, кои ќе бидат надополнети со стационарни контроли на самата граница. Истовремено, Фезер рече дека не треба да се очекува дека воведувањето постојани гранични контроли кон Полска и Чешка ќе го реши проблемот со илегалната миграција.
„Ова е само еден од инструментите што треба да придонесат за намалување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија“, рече германската министерка за внатрешни работи.
Фезер со месеци го одбиваше барањето на опозицијата и сојузните покраини на истокот на Германија, кои се под напад на сѐ помоќниот бран бегалци кои во последно време сè почесто пристигнуваат преку Чешка и пред сѐ Полска. Од 2015 година вакви контроли има и на германско-австриските гранични премини.
Најавата на Фезер дека сепак ќе воведе контрола кон Полска и Чешка беше поздравена од полициските синдикати како и од демохристијанската опозиција.
Како што информираат од јавниот сервис АРД, неодамна т.н Балканска рута до Германија води преку Унгарија и понатаму Словачка, Чешка или Полска. Причините за промената на рутата се зголемената контрола на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, како и построгиот режим за регистрација на бегалците во Австрија.
Фезер рече дека една од причините за зголемувањето на бројот на бегалци е фактот што договорот меѓу Европската унија и Турција за спречување на заминувањето на бегалците во ЕУ „во моментов не функционира добро“.
Борбата за намалување на бројот на бегалци е главна општествено-политичка тема во Германија последниве денови, а власта ѝ сигнализираше на опозицијата дека се залага за меѓупартиско решение на ова прашање.
Во првите осум месеци од годинава во Германија пристигнале над 200.000 бегалци, што е повеќе отколку во цела минатата година, а властите стравуваат дека бројките би можеле да ги достигнат размерите на кризните години 2015 и 2016 година, кога над милиони бегалци, главно од Сирија, пристигнаа во Германија.
Градовите и општините со месеци испраќаат апели до федералната влада да го запре приливот на бегалци поради преполните капацитети за прифаќање и надминување на финансиските рамки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…