Златни правила: Како да направите совршена зимница?
Почетокот на септември е оној период во годината кога треба веќе сериозно да го планираме правењето зимница.
Многу овошја и зеленчуци сега се во фаза кога се најдобри за јадење, но и за конзервирање, а начинот на кој ќе ги подготвите има најголем удел во тоа каков вкус ќе имаат и колку ќе траат.
Ако се придржувате до овој едноставен водич со 11 совети, ќе направите совршена зимница што со гордост ќе ја поставите на вашата трпеза.
=За подготовка на зимница секогаш треба да користите само зрело, цврсто, здраво и неоштетено овошје и зеленчук. Плодовите со помали оштетувања може да се користат само ако тие делови претходно ги отстраните.
=Со оглед на тоа дека бојата на исчистеното овошје и зеленчук се менува брзо кога ќе биде изложено на воздух, а се губат и витамините, чистењето и сечењето правете ги непосредно пред да ги подготвувате и конзервирате.
=Ако имате овошје или зеленчук во вашиот двор или градина, наберете ги непосредно пред да ги преработувате, бидејќи со стоење губат на квалитет и побрзо се расипуваат.
=Намирниците и садовите што ќе ги користите за време на подготвувањето зимница мора да бидат беспрекорно чисти, а рацете треба да ги миете пред почнувањето на секоја следна фаза.
=Најдобро е садовите, теглите и шишињата за зимница да ги исперете добро со топла вода, а потоа да ги оставите природно да се исушат.
=Садовите за термичка преработка мора да бидат емајлирани или од нерѓосувачки челик.
=Металните капаци и капачиња за тегли и шишиња треба да ги стерилизирате пред употреба.
=За туршија најдобро е да користите вински оцет и есенција.
=Ако веќе користите конзерванс (натриум бензоат) сметајте дека кесичка од 5 грама е доволна за 5 килограми овошје или зеленчук. Не се препорачува поголема доза на конзерванс од ова.
=Зимницата треба да ја чувате во сува, проветрена и ладна просторија каде зимно време водата не замрзнува и нема директна сончева светлина. Оваа остава треба да ја проветрувате еднаш неделно во текот на зимата, најдобро околу пладне.
=На сите тегли и шишиња треба да ставите етикети со состав и датум на конзервирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вулин пристигна во Пребиловце и покрај забраната…
Вицепремиерот на Србија Александар Вулин, кому властите…
УХМР со најави за локално невреме, еве…
Времето до крајот на денов сончево и…
Вреди го попари „лидеро“ – Сали нема…
Пратеникот Беким Сали од коалицијата „Вреди“, денеска…
Борел: Блискиот Исток е на работ на…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…
(Видео) Aпасиев со шах-мат потег за Мицкоски:…
Левица поднесе иницијатива за интерпелација на претседателот…