Рама за случувањата на Косово: Ова ни е последна шанса пред работите да излезат од контрола

t

Премиерот Еди Рама реагираше по убиството на полицаецот на северот на Косово.

Тој во објава на социјалните мрежи рече дека трагедијата со загубата на животот на полицаецот е најголемиот аларм досега за тековниот ризик долготрајната криза да ескалира во вооружен конфликт.

„Криминалците што му го одзедоа животот на невин човек, кој служеше под државната униформа на силите за спроведување на законот на Република Косово, мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Свикувањето на вонредна мировна конференција, под надзор и гаранција на Европската унија и САД, и истовремено преземање на сите вонредни мерки со КФОР, за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата, се стратешка неопходност не само за редот и безбедноста на Косово. денес, но и за мирот и иднината на регионот утре, пред продолжената криза на северот на Косово да излезе од контрола и да се претвори во дестабилизирачки оган за целиот регион“, пишува тој на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…