Неофицијално соборен дрон на косовската полиција од страна на вооружените напаѓачи!
Размената на оган меѓу полицијата и вооружената група утрово на северот од Косово, се сомнева дека резултирала и со повреди од напаѓачите. Ова го косовските медиуми, но такво нешто се уште не е потврдено од безбедносните органи.
Според информациите, постои сомнеж дека србите го собориле дрон на косовската полиција, бидејќи оваа информација нема официјална потврда од Курти и од заменик директорот на полицијата кои одржија прес-конференција, истата е неофицијална.
Внатре во манастирот во Бањска има неколку маскирани и вооружени лица, членови на криминалната група која врши напади врз полицијата, според Курти станува збор за 30-тина вооружени мажи.
Се сомнева дека се започнало во 2 часот и 45 минути по полноќ, во северна Митровица, единицата за брза интервенција на граничната полиција забележала дека на влезот во селото Бањска на мостот се поставени две тешки товарни возила (без регистарски таблички). а влезот во ова село преку мостот не може да се направи, бидејќи е блокиран.
Единици на Полициската станица Звечани по добиените информации реагирале на случајот и тргнале со три единици во правец на локацијата и штом пристигнале во близина на местото каде што била пријавена блокадата, полициските единици наишле на отпор каде од некои позиции на различни лица било пукано со арсенал огнено оружје, вклучително и рачни бомби и шок бомби при што како резултат на истрелите биле застрелани двајца полицајци.
Полициските единици за самоодбрана одговорија на нападот и успеаја да го одбијат првичниот напад за да создадат услови за пружање помош и повлекување на полицајците кои беа застрелани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…