Денес се празнува Светиот свештеномаченик Автоном
Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци.
Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабошците и тие еден ден јурнаа во црквата на светиот Архангел Михаил во Сореос и за време на богослужбата го убија Автоном во олтарот, а убија и многумина други христијани во храмот. Во времето на царот Константин, на гробот на свети Автоном подигна храм некој царски големец Севиријан. Двесте години после својата смрт, свети Автоном му се јави на еден војник по име Јован. Тој Јован ги откопа моштите на светителот и ги најде сосема нетлени. И мнозина болни добија здравје од светите мошти. Така, Бог го прослави оној кој Него Го прославуваше за време на животот на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…
Студентите и оваа година ќе добиваат 840…
За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…
Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…
Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…
Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…