Убиена жена од Кочани претходно пријавувала во полиција и барала заштита но не добила
Утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала.
Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во Кочани.
Утрово околу 6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Т.М. при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала. Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место, истакна Душанка Горгиева – Трпевски, директорка на Општата болница со проширена дејност.
Според првичните сознанија, причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита но не добила.
Увид во настанот извршиле екипа на ОВР – Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција. Напаѓачот е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…
„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…
Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…