(Во живо) Мицкоски е способен за навреди, напади и закани, не е способен да води! Јас сум заеднички непријател на коалицијата СДС-ДПМНЕ

t

Кога гледате од која кујна доаѓаат сите навреди не треба да им посветувате внимание, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска коментирајќи ги заканите и навредите упатени кон неа.

– Секој треба да си процени дали сака така да се однесуваат така со неговата мајка, ќерка, жена, сестра. Било која жена да беше на мое место ќе имаше лавина од реакции и одбрани, гледајте со што се соочува и слично. Тоа во овој случај не го гледавме, затоа што никој од нив не се бори ниту за човечки права, ниту за женски права. Принципиелно треба во ваков случај да излезете и да ја одбраните таа жена, без разлика дали твојот лидер ја напаѓа.

Тој човек е способен за навреди, напади и закани, а не е способен да води и обедини.

Било кој функционер да излезеше на национална телевизија и да го каже тоа, тој кажа не знаеме утре животот што ќе донесе, тоа да го кажеше за Ковачевски, Ахмети или самиот Мицкоски, минимум во полициска станица ќе го викнеа да објасни на што мислел, ама јас не сум член на ниедна политичка партија. Никој не ме брани, а има континуирани напади, тоа ја покажува коалицијата меѓу овие две партии, вели Арсовска.

Во врска со обвинувањата дека не присуствува на седниците на Советот на Град Скопје, Арсовска прашува зошто никој не ги напаѓа градоначалниците кои со месеци не се појавуваат на седници.

– Може ли некој да ми извади статистика нивните градоначалници колку месеци не се појавиле на седници на совет, да ги видиме овие двојни аршини. Кај вашиот градоначалник не реагирате оти си имате заеднички непријател со оној кој треба да ви е опозиција, јас сум ви заеднички непријател, вели Арсовска која смета дека на секој еден граѓанин едобро информиран и дека се работи за позадина зад овој активен континуиран напад.

– Си имаат однапред спремни сооптенија, да си покријат некоја негативна вест од денот, да покажат дека нешто прават… Тие да сакаат нешто да направат за скопјани ќе гласаат за набавка на нови автобуси, додава Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

СДСМ: Срамно е да има три верзии…

Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…