18-годишна девојка со „бмв“ се судри со друго возило, 4 лица се повредени

t

66-годишен маж и 64-годишна жена се тешко повредени, а уште две лица се полесно во сообраќајка што се случила синоќа во Скопје.

На 25.09.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“, управувано од М.Б.(66) од Скопје и патничко возило „бмв“, управувано од М.С.(18) од с.Сарај, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Б. и неговата сопатничка К.Б.(64) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и нејзината сопатничка К.С.(47) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…

Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…

Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…

Славески: Најдобрата опција е ова што го…

Најдобрата опција е ова што го правиме…

Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…

Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…