Уште врие во Косово: Уапсени уште двајца Срби!
Во селото Бањска на северот на Косово се уапсени уште двајца Срби и запленет е арсенал оружје, соопшти денеска косовската полиција, а пренесоа тамошните медиуми.
Тие се уапсени во хотелот, а запленети се две возила, едно оклопно возило, како и едно тешко возило – багер, во кое е пронајдено поголем број различно оружје, се наведува во соопштението.
Меѓу одземените оружја се и пушка 30 мм, две долги пушки, односно митралези, еден снајпер, минофрлач и автоматска пушка, 74 чаури за пушката АК47, девет панцири и други.
Во соопштението на полицијата, т.н Од Косово наведуваат и дека во Бањскиот манастир биле пронајдени две пушки АК47 и еден панцир, кои наводно биле одземени од локацијата каде што бил убиен припадник на т.н. Косово. Дополнително, во соопштението се додава дека полициски единици се стационирани во атарот на селото Бањска и дека „таму обезбедуваат безбедност и овозможуваат и пружаат помош според потребите и барањата на мештаните“, јави Танјуг.
Како што се наведува, вкупниот број на уапсените за кои се смета дека се поврзани со пукањето во село Бањска и убиството на полицаецот од Косово, беше зголемена на осум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…
Како дел од истрагата за трагедијата во…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…