Објавено на:

(ВИДЕО) Над 100 лица загинаа рано утринава во пожар што избувна на свадба – голема трагедија во Ирак!

t

Најмалку сто лица загинаа, а 150 се повредени во пожар на свадбена прослава во областа Хамданија во ирачката провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми, пренесува Ројтерс. Локалните извори посочуваат дека бројот на жртви може да биде поголем.

Според објавата на ирачката Црвена полумесечина на X, порано Твитер, независна организација за хуманитарна помош во Ирак, бројот на загинатите е многу поголем.

Наџим ал-Џубури, гувернер на провинцијата Ниневија, каде што избувна пожарот, претходно изјави дека сè уште нема конечен биланс на загинати, што укажува на тоа дека бројот на жртвите може да продолжи да расте. Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал-Алак, исто така претходно изјави за Ројтерс дека е потврдена смртта на 113 лица.

Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил запален огномет. Видеото од местото на настанот на дописникот на Ројтерс покажува како пожарникари се искачуваат над изгорената зграда во потрага по преживеани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…