ПРИЈАВИЛ ПРАТКА СО ЛЕКОВИ, НО ИСПАДНАЛЕ ЧАСОВНИЦИ; Царинската управа спречи обид за шверц на брендирани часовници

t

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови се запленети од страна на царинските службеници по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин Ново Село, информира Царинската управа.

Часовниците се откриени во картонска кутија за која лицето кое управувало со автомобилот изјавило дека е пратка со лекови која ја испратил негов пријател за болно дете.

– По откривање на непријавените часовници лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија – појаснуваат од Царина.

Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Курц: За десет години ќе живееме во…

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…

Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…