Пендаровски: Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.
-Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, на сите припадници на бошњачката етничка заедница да им го честитам 28 Септември ‒ Меѓународниот ден на Бошњаците и најискрено да посакам денешниот ден да го поминат во добро расположение, исполнети со радост, среќа и бериќет. Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество и со останатите заедници суштински придонесува за напредок и развој на нашата татковина. Преку празнувањето на 28 Септември уште еднаш упатуваме порака за заедништво и сплотеност. Со почитувањето и споделувањето на културните различности и традиции сме поблиску до остварувањето на нашата заедничка цел ‒ демократска, просперитетна, развиена Република Македонија, истакнува во честитката претседателот Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…
Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)
Родена е во градот Иконија од родители…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…