Бектеши: Царините за увоз на овошје и зеленчук од 65% се намалуваат на 10%

t

Утрово ја завршивме седницата на Владата. Донесовме неколку одуки во делот на намалување на царинските давачки за овошје и зеленчук на 10 отсто со исклучок на доматите, краставиците и пиперките за да им е остави простор на домашните земјоделци, вели министерот за економија Крешник Бектеши во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Добро е што има зголемен извоз на земјоделски производи, но примарен треба да е нашиот пазар. Нашите трговци повисоки цени добиваат во соседните земји и преферираат да продаваат надвор од државата со што ние како држава два пати губиме – недостатокот го надоместуваме со увоз за што се плаќа царина од 65%. Така, пиперките наместо 100 денари веднаш чинат 165 денари без трговските маржи. Ние сакавме да ги заштитиме граѓаните и затоа ги донесовме овие мерки денес, вели Бектеши.

Тој апелира до трговците домашните производи наменети за домашниот пазар да не ги извезуваат.

Бектеши вели дека денешните мерки што ги донесе Владата стартуваат веднаш, а за пипеките, доматите и краставиците ќе важат од декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Курц: За десет години ќе живееме во…

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…

Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)

Родена е во градот Иконија од родители…

Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…