Османи: Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) зборуваше за ветото на Бугарија против почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и за важноста на европската перспектива.
Османи во интервјуто рече дека Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ, а тоа предизвикува многу фрустрации.
„Јас сум горд на посветеноста на политичката елита и населението, кои и покрај се остануваат на целта за влез во ЕУ. Постои вистинско верување дека нема алтернатива – инаку луѓето одамна би го напуштиле овој пат. Дури и луѓето кои не се запознаени со геополитичката динамика многу добро разбираат дека за оваа земја ЕУ е воздухот што треба да го дишеме“, рече Османи.
Министерот беше прашан и дали има гаранции дека Бугарија нема да поставува натамошни барања по уставните измени, на што одговори дека приллично е сигурен оти Бугарија постојано ќе формулира нови барања, пренесе „Дојче Веле“.
„За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден“, вели Османи.
Сепак, Османи смета дека целта е темата да се префрли од историските интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Објасни дека Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Силно невреме со град го погоди Охрид
Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…
Чупиќ нов тренер на Вардар
Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…