(Видео) Левица ќе поднесе претставка против Џафери до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Политичката партија Левица ќе поднесе претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, истакна денеска на собраниската седница за пратенички прашања лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
– „Милион пати досега сме кажале дека редоследот за пратенички прашања е неправичен и заради тоа, против Џафери и Собранието ќе поднесеме Претставка до Антидискриминаторска Комисија. Ова е класична политичка дискриминација!
Ефективното право за поставување усни пратенички прашања од страна на пратениците на Левица во пола од мандатот е СКРАТЕН – поради тоа што секогаш нѐ ставате осми или деветти.
Џафери вика „ДПМНЕ има 22 пати повеќе пратеници од вас?!” Па, и Калифорнија има 66 пати повеќе население од Алјаска, ама и двете држави имаат по двајца сенатори. Тоа е ПАРИТЕТНА основа и Деловникот тоа Ви го кажува. И другата финта која ни ја правите, само четирите најголеми партии до 13 часот да постават прашање и да ве има во вести, тоа ли ви е вас?!
Нашето право на пратеничко прашање стигнува во 22 часот, а седницата завршува во 18 часот. И како е тоа правично?!” – вели Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
